Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби

Најмалку 20 луѓе се уапсени во округот Лос Анџелес поради кражби за време на пожарите, изјави членката на надзорниот одбор на округот, Кетрин Бергер.

– Нема да дозволиме ова да се случува. Нема да стоиме по страна и да дозволиме ова трауматично искуство дополнително да се влошува, истакна Бергер.

Во меѓувреме, американските власти соопштија дека најмалку 10 луѓе загинале во пожарите. Се претпоставува дека бројот на жртвите е поголем, но истражителите немаат сигурен пристап до одредени делови зафатени од пожарите

Back to top button
Close