Полицијата во Лос Анџелес потврди: Пожарот е подметнат, една личност е уапсена!
Окружниот обвинител на Лос Анџелес, Натан Хокман, изјавил дека осомничениот за подметнување на пожар може да добие казна како за убиство, што значи дека може да биде осуден на доживотна затворска казна.
Пожарот Кенет во Лос Анџелес сега се истражува како случај на подметнат пожар, а една личност е уапсена, потврди полицијата на Лос Анџелес. Пожарот Кенет е само еден од пет шумски пожари кои моментално беснеат во округот Лос Анџелес, загрозувајќи домови во близина на Калабасас и Хајден Хилс.
Истражителите сомничат дека пожарот е намерно подметнат, а граѓаните помогнале во апсењето на осомничениот. Полицаецот од Лос Анџелес, Шон Динс, изјавил за медиумите дека осомничениот сега е во притвор.
Окружниот обвинител на Лос Анџелес, Натан Хокман, изјавил дека осомничениот за подметнување на пожар може да добие казна како за убиство, што значи дека може да биде осуден на доживотна затворска казна.
„Правдата ќе биде брза и немилосрдна. Ќе бараме максимална казна. Сакавме да испратиме јасна порака“, додал тој. „Без разлика дали се работи за кражба, интернет измама, вооружена кражба или подметнување на пожар, времето кога обвинителството остануваше на страна е поминато. Правдата ќе биде спроведена“, изјавил Хокман гостувајќи во емисијата „Бенфилд“.
Евакуација, хаос и апсења поради кражби
Повеќе од 34.000 хектари досега изгорија во пожарите што беснеат низ Лос Анџелес.
Додека огнената стихија се шири, најмалку 20 лица се уапсени поради кражби на напуштени домови, а 400 припадници на Националната гарда се распоредени за контрола на сообраќајот и заштита на инфраструктурата.
Официјални лица потврдија дека речиси 180.000 луѓе се под наредба за евакуација, додека илјадници веќе ги напуштиле своите домови поради пожарите.
Бајден потпишал итна помош и одобрил покривање на сите трошоци
Претседателот Џо Бајден се обрати на нацијата, објавувајќи дека потпишал грант за системи за управување со пожари, како и декларација за голема катастрофа во одговор на разорните пожари во Калифорнија.
Федералната влада ќе ги покрие 100% од трошоците во следните 180 дена, без учество на државните и локалните власти.
„Не штедете ни цент!“ – порача Бајден.
Тој исто така најави дополнителни ресурси за Калифорнија, вклучувајќи:
400 федерални пожарникари
Повеќе од 30 хеликоптери и авионови
Осум C-130 авиони на Министерството за одбрана опремени за гасење пожари
500 инженери за расчистување на теренот (trn.mk)