Австрија: Протести против екстремната десница

Во главниот град на Австрија, Виена синоќа (9 октомври, 2025) десетици илјади се собраа на протест против екстремната десница, во време кога лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Херберт Кикл, преговара со конзервативците за формирање влада.

На протестот беше поставен транспарент на кој пишуваше „Против фашизмот“, додека демонстрантите рекоа дека се плашат за својата земја и за Европа доколку „автократите“ дојдат на власт.

 

Патот ненадејно се отвори на почетокот на неделата за ФПО, која извојува победа на парламентарните избори кон крајот на септември, по неуспешните разговори на другите политички партии за формирање на владина коалиција.

 

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен му даде мандат на Кикл да формира влада со конзервативците.

 

„Ние не сакаме екстремно десничарски канцелар и затоа сме денес овде“, изјави за агеницијата АФП неименуван портпарол на антирасистичката невладина организација СОС, наведувајќи ја „заканата за човековите права и за демократијата“.

 

Доби мандат за формирање влада: Лидерот на ФПО, Херберт КиклДоби мандат за формирање влада: Лидерот на ФПО, Херберт Кикл

Доби мандат за формирање влада: Лидерот на ФПО, Херберт КиклФотографија: Max Slovencik/APA/dpa/picture alliance

Организаторите на митингот процениле дека имало околу 50.000 луѓе, додека властите наведоа половина од таа бројка.

 

Демонстрантите рекоа дека стравуваат од оддалечување од демократијата „како соседна Унгарија“, каде премиерот Виктор Орбан ја замолчи опозицијата и неистомислениците.

„Тоа е речиси како диктатура. Секако, Орбан беше избран на избори, но благодарение на перење мозок. Тоа е она кон што цели Кикл и тоа е многу опасно“, рече еден од демонстрантите.

Протести се одржаа и во други градови во Австрија, како во Салцбург и во Грац.

ФПО, основана во 1950-тите од поранешни нацисти, веќе учествуваше во владата како малцински партнер, но никогаш не ја извршуваше функцијата канцелар во модерната историја на Австрија, земја членка на Европската унија.(dw)

Back to top button
Close