Лос Анџелес: Нови наредби за евакуација и вонредна состојба поради чад и пепел
Одделот за пожарникари на Лос Анџелес издаде нова итна наредба за евакуација за пожарот во Палисадес. Оваа наредба ги опфаќа областите од булеварот Сансет на север до резервоарот Енчино; и од автопатот 405 на запад до Мандејвил Кањон.
Оваа област претходно беше под предупредување за евакуација, но сега е под итна наредба за евакуација.
Одделот за јавно здравје на Лос Анџелес изјави дека прогласил локална здравствена вонредна состојба и издал наредба од здравствениот службеник како одговор на „широките последици од тековните критични пожари и условите со бури“. Наредбата се однесува на сите области во округот Лос Анџелес.
„Пожарите, во комбинација со силните ветрови, значително го влошија квалитетот на воздухот ослободувајќи опасен чад и честички, што претставува непосреден и долгорочен ризик за јавното здравје.
Се препорачува секој што мора да излезе на отворено подолго време во областа со густ чад или присуство на пепел, да носи маска N95 или P100“, велат од институциите. (Гардијан)