Калифорнија: Слаба дистрибуција на вода за време на пожарите, гувернерот бара истрага
Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се зголеми на 11 лица. Над 10.000 објекти се уништени.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, побарал да се направи истрага за проблемите со водоснабдувањето кои ги имало за време на гаснењето на пожарите. Според Њусом, помислата дека имало слаб притисок на вода на почеток на катастрафата е во најмала рака вознемирувачка. Тој слаб притисок воопшто не бил од помош додека пожарите се ширеа.