ЗНАМ: Како со интерпелација не следува и разрешување? Очекуваме предлог за нов кандитат

Кабинетот на претседателот на Собрание изјави дека со интерпелација не нужно следува и разрешување на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и спорт, госпоѓа Даути.

Од движењето ЗНАМ велат дека не знаат како со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и спорт, госпоѓа Даути.

„Од вчерашната седница на Собранието на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република Македонија утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок.

За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието.

Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција“, велат од здружението.

Back to top button
Close