Брнабиќ се сретна со Мадуро

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ му се заблагодари на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас за поддршката на земјата за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, јавија српските медиуми.

Разговорот меѓу Брнабиќ и Мадуро уследи по неговата инаугурација во Каракас, на која присуствуваше српската политичарка.

Претседателката на српското Собрание му честиташе на Мадуро и му посака успешен мандат, а ги пренесе и пораките од српскиот претседател Александар Вучиќ, во кои ја истакна важноста од зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката меѓу Србија и Венецуела, со взаемен интерес за натамошен развој на пријателските односи, соопшти Народното собрание на Србија.

Back to top button
Close