Илире Даути поднесе оставка – Интерпелацијата ѝ ја одзеде функцијата, Гаши не и даваше да ја образложи оставката

Пратеничката и претседателка на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, денеска поднесе оставка до Собранието.

Ова следува откако во петокот, од страна на пратениците беше изгласана интерпелација како претседателка на Комисијата за социјална политика.

Иако бараше 15 минути на говорница за да ја образложи својата оставка, сепак претседателот на Собранието, Африм Гаши не ѝ дозволи.

По ова настана расправија меѓу пратениците

Го барам потребното време од 15 минути за да ја образложам мојата оставка, рече Даути, по што спикерот Гаши не ѝ дозволи да земе збор за оставката. Тоа ќе биде констатирано на следната редовна седница на Собранието, објасни претседателот на Собранието.

Даути почна да зборува за причините за оставката, но спикерот повторно не ѝ дозволи, како што рече, да го крши Деловникот на Собранието.

-Не можете да ме држите со сила, господине Гаши. Ќутете таму, господине Мицевски. Вие само можете да слушате. Научете да го почитувате Деловникот и законите. Ќе се слушне мојот глас и моето образложение. Срам да ви е, се обрати пратеничката.

-Јас не сум ваша Никола Мицевски, ниту на Апасиев ниту на ЗНАМ ниту на Гаши. Го барам потребното време од 15 минути за да ја објаснам мојата постапка. Сега јас имам збор, рече Даути во кавгата со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Откако собранискиот спикер рече дека за него е затворено прашањето за претседателката на Комисијата за социјална политика, на која ѝ  беше изгласана интерпелација зашто го прекршила Деловникот за работа на законодавниот дом, партиите притискаа за нејзино разрешување.

 

Back to top button
Close