Уважена амнестијата на Јанакиески, Вељановски, Ристески и Атанасовски како организатори на крвавиот четврток. “Наведнете ја главата и побарајте прошка”, им порача судијата Трпков
„Барањето за примена на амнестија поднесена од обвинтетите Трајко Велјановски, Спиро Ристески, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се уважува. Се запира кривичната постапка поведена со обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 31.05.2019 година за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност од член 313 од Кривичниот закон“ изјави судијата Илија Трпков.
-Во досегашната постапка, ниту Јавното обвинителство ниту Основниот кривичен суд Скопје во дадените мислења и пресуди не се имаат произнесено експлицитно во поглед на важењето на Законот за амнестија за конкретните обвинети. Ова впрочем произлегува и од пресудата на Апелацискиот суд Скопје кој го врати предметот на повторно одлучување токму со прецизни задолженија за произнесување во поглед на ова правно прашање.
Ова е првпат за прашањето да се одлучува на стручен колегиум на Јавното обвинителство во проширен состав, ни одговорија неодамна од Обвинителството.
Надлежна за предметот е обвинителката Искра Хаџи-Василева, но сепак оваа одлука таа не ја донела самостојно, туку како што потенцираат од Обвинителството, мислењето било донесено на стручен колегиум.(fokus.mk)