„Максим е патриот на батерии од Кина“ — АА му врати на Димитриевски за изјавата дека ќе ја напушти владата


Алијансата на Албанците реагира на најавите на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека ќе ја напушти владината коалиција ако се прифати барањето за полагање правосуден јазик на албански јазик, покрај македонскиот. Според нив, Димитриевски е „патриот на батерии“ и одамна е прочитан.

Сеќавање на Лајка – кучето скитник од Москва кое стана првото живо суштество што ја обиколи Земјата
„Максим е патриот на батерии од Кина“ — АА му врати на Димитриевски за изјавата дека ќе ја напушти владата
Молк кој привлече внимание: Реал Мадрид го „заборави“ Роналдо
„Максим Димитриевски може да ја напушти Владата, бидејќи знае дека ќе има предвремени парламентарни избори. Прашањето за правосудниот испит му е потребно за да го искористи во предизборната кампања и да ја глуми улогата на голем патриот. Но, големиот патриот, всушност, е патриот на батерии од Кина“, велат од Алијансата.

Тие велат дека тој нема што друго да им каже на гласачите во кампањата.

„Зарем ќе им рече: Ќе го вратиме името на државата?. Сите други карти му се потрошени“, соопшти АА, наведувајќи дека со изјавата се обидува да си го поправи рејтингот за 1 процент, но попусто.

Back to top button
Close