И кај нас бојкот на маркетите во петок
По Хрватска и Црна Гора, повик за бојкот на продавниците има и во Македонија.
Драстично високите цени предизвикаа незадоволство кај граѓаните, па по примерот од регионот се појави повик за бојкот и кај нас.
Организаторите повикуваат граѓаните во петок да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба.
„Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ стои на социјалните мрежи.
На социјалните мрежи се споделува фотографија која повикува на бојкот на маркети на 31.01.2025 (петок) и тоа под мотото „Попусто попусти кога цените се исти“.