Трамп наредил паузирање на американската воена помош за Украина
Соединетите држави ја прекинуваат воената помош за Украина неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди доцна синоќа претставник на Белата куќа за Ројтерс.
„Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Ни треба нашите партнери да бидат посветени на таа цел. Кабинетот на Зеленски не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар. Ова не е трајно намалување на помошта, тоа е пауза“, цитира Фокс њуз претставник на администрацијата на Трамп.
Блумберг објави дека е запрена испораката на сета американска воена опрема која моментално не е во Украина, вклучително и оружје во транзит на авиони и бродови или чекање во транзитни области во Полска.