Арапските лидери се состанаа во Каиро за да разговараат за обновата на Појасот Газа

Арапските лидери денеска се состануваат за да разговараат за плановите за идната реконструкција на Појасот Газа, јави ДПА.

Со овој самит во Каиро, египетската влада има за цел да се спротивстави на контроверзните планови на американскиот претседател Доналд Трамп за трајно „преселување“ на Палестинците во други арапски земји, наведува агенцијата.

Покрај високите претставници на Египет, Јордан, Саудиска Арабија и Катар, се очекува и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

ОН ги проценуваат трошоците за обнова на областа на 53 милијарди долари. Многу нерешени прашања остануваат во дискусиите за иднината на Газа, како на пример кој ќе ја контролира и обезбедува безбедноста во областа по завршувањето на војната.

Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење е исклучително кревок и би можеле повторно да избијат борби.

Back to top button
Close