Американски официјални лица: Ќе се обидеме да утврдиме дали Украина е подготвена да направи отстапки

Американските власти планираат да ја искористат средбата во вторник со украинската делегација во Саудиска Арабија за да утврдат, делумно, дали Украина е подготвена да направи материјални отстапки за Русија за да ја прекине војната, јавија американски медиуми повикувајќи се на двајца американски високи претставници.

Американската делегација, исто така, ќе процени дали Украинците се сериозни за подобрување на врските со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, по неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот месец, изјави еден од официјалните лица, кој сакаше да остане анонимен. „Не можете истовремено да кажете „Сакам мир“ и „Одбивам да направам компромис за било што“, рече еден американски функционер за претстојните разговори со украинската делегација. Друг официјален претставник рече дека САД сакаат да видат „дали Украинците се заинтересирани не само за мир, туку и за вистински мир“. „Ако ги интересираат само границите од 2014 или 2022 година, тоа ви кажува нешто“, рече друг американски функционер. Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ќе отпатува за Џеда, каде што ќе има билатерални разговори со украинските претставници, предводени од помошникот на Зеленски, Андриј Јермак. Рубио очекува да му се придружат американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и пратеникот на Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф.

Во Џеда планира да отпатува и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, јави ДПА.

„Утре ќе продолжиме да работиме за мир – ќе ја посетам Саудиска Арабија“, рече тој синоќа во вечерното видео обраќање, во кое го потврди и учеството во преговорите. „Првите разговори меѓу преговарачите веќе беа задоволителни“, додаде Зеленски. „Се надеваме на резултати, и во однос на мирот и понатамошната поддршка“.

Back to top button
Close