Дутерте лета кон Хаг, каде ќе му се суди за злосторства против човештвото


Поранешниот претседател на Филипини, Родриго Дутерте е испратен во Хаг откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење против него за злосторства против човештвото во неговата „војна против дрогата“ додека беше на власт.

Дутерте, кој на 28 март ќе наполни 80 години, беше уапсен по неговото враќањето од Хонг Конг во Филипини. Тој 12 часа подоцна бил изнесен од земјава со чартер авион.

– Авионот е на пат за Хаг, Холандија, за да може на поранешниот претседател да му се суди за злосторства против човештвото во врска со неговата крвава војна против дрогата, изјави филипинскиот претседател претседателот Фердинанд Маркос Јуниор.

Back to top button
Close