Екс-директорот на ДПИ Стојко Пауновски: Прво Општината, Министерството за Транспорт, па МВР и на крај Економија дава лиценци за кабаре и дискотеки

Клубот немал валидна лиценца бидејќи не ги исполнувал условите. Во лиценцата стои дека угостителски објект може да работи како кабаре или диско клуб, односно до 4 часот наутро. Затоа и ги вадеа тие лиценци за да можат да работат до доцните утрински часови. За тоа дали угостителскиот објект имал лиценца општината морала да знае, бидејќи парите мора да легнат на општинска сметка. За еден клуб да добие лиценца потребно е повеќе државни органи да извршат проверка. Министерство за транспорт издава дозвола за објектот да видат дали објектот ги исполнува урбанистичките и безбедносните услови. Потоа полицијата треба да провери дали објектот има доволно паркинг простор, 2-3 излези, излез за евакуација…, изјави за весникот ВЕЧЕР, Стојко Пауновски, поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат.

Back to top button
Close