Јужнокорејската војска забрани отсуства, посети и напуштање на базите
– Поради зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во своите редови, армијата на Јужна Кореја забрани во следните две недели да се земаат отсуства, да се напуштаат воените бази и да се примаат посети, соопшти Министерството за одбрана.
Исто така, во следните две недели не се дозволени заеднички обеди и приватни собири на припадниците на армијата, тие ќе можат да присуствуваат на верските церемонии само во воените бази, а услугите во сите воени верски објекти надвор од базите ќе се изведуваат преку Интернет.
Си-Ен-Ен додава дека Министерството за одбрана соопшти дека уште двајца припадници на армијата се позитивни на Ковид-19, со што бројот на активни случаи на коронавирус во армијата сега изнесува десет. сд/