Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да го заземе пограничниот дел на Сумската област
Главниот командант на Вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, денеска изјави дека украинските сили ја спречуваат Русија да ја заземе пограничната територија на Сумската област во североисточна Украина.
Сирски во разговор со команданти и началници на родови на украинската војска истакна дека руските сили исто така се обидуваат да ги истераат украинските трупи од Курската област во Русија, но оти украинските сили пружаат отпор.
Тој на Фејсбук објави дека со командантите разговарал за натамошно зголемување на борбените способности на украинските трупи и воведување современи технологии.