Евролига со високи казни за белградските екипи

Кошаркарската Евролига ги изрече паричните казни за белградските екипи Црвена Звезда и Партизан за инцидентите за време на дуелот од седмото коло. Црвена Звезда ја доби една од најригорозните санкции – во следните пет натпревари ќе игра на гостински терен без поддршка од своите навивачи.
Дополнително Црвена Звезда е казнета вкупно и со 115.000 евра од причина што навивачите на Црвена Звезда ја загрозиле безбедноста на другите навивачи, навредливо однесување, употреба на ласери, фрлање на предмети и недоволни безбедносни мерки.
Партизан ќе треба да плати 49.000 евра поради запалени факели, користење на ласери, навредливо навивање, фрлање предмети и недоволни безбедносни мерки. За „црно-белите“ има и условна казна за ограничување на капацитетот на салата за следните натпревари во сезоната 2026/27.






