Енрике тренер рекордер по победи во ПСЖ

Резултатот од 5:1 над Ле Авр синоќа во деветтото коло од Лига 1 е 127. победа на тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, во сите натпреварувања како главен тренер на клубот.
Педесет и шестгодишниот Шпанец стана тренер со најмногу победи во историјата на клубот, надминувајќи го Лоран Блан.
– Имам среќа што тренирам тим од ваков калибар и работам со неверојатни играчи. Многу сум среќен и се надевам дека ќе продолжам да пишувам историја во Париз, рече Енрике на официјалната веб-страница на клубот.
Енрике има рекорд од 127 победи и 27 порази во 188 натпревари како главен тренер на ПСЖ. Неговиот процент на победи е 67,6, а неговиот просек на постигнувања е 2,21 бод по натпревар. Под негово водство, ПСЖ постигна 457 гола – просек од 2,4 по натпревар.






