Голден Стејт поуспешни од Лејкерси

Голден Стејт вориорс го совлада тимот на Лос Анџелес лејкерс ноќеска во НБА со 112:95. Натпреварот се одигра во „Чејс Центарот“ во Сан Франциско.
Најдобар кошаркар во победничкиот тим беше Стеф Кари кој постигна 31 поен
Кај гостите се истакна Лука Дончиќ со 37 постигнати поени.
Голден Стејт е на 10. место на табелата во Источната конференција со три победи и исто толку порази, додека Лејкерси се на шестото место со биланс 4-2.
На другите НБА средби играни ноќта петок кон сабота постигнати се овие резултати:
Вашингтон – Филаделфија 95:79
Бостон – Чикаго 125:111
Бруклин – Детроит 94:110
Филаделфија – Њујорк 98:93
Торонто – Орландо 114:121
Далас – Хјустон 116:111
Мајами – Индијана 145:125
Минесота – ЛА клиперс 127:101
Феникс – Денвер 120:127.






