Во моментов е во тек обид за државен удар во земја членка на ЕУ!

Политичката и институционалната криза во Полска дополнително ескалираше вечерва, кога полицијата беше распоредена околу Уставниот суд во Варшава. На официјалната веб-страница на институцијата беше објавено дека претседателот на судот, Богдан Швјечковски, и неговиот заменик, Бартломеј Сохањски, се привремено суспендирани од своите должности.
Премиерот Доналд Туск ги брани потезите на неговата влада како дел од процесот на враќање на владеењето на правото, додека опозицијата ја обвинува владата за нелегално преземање на институцијата.
Полскиот претседател Карол Навроцки го прекинал патувањето кон Сенегал и наредил авионот да се врати поради ескалацијата на спорот околу Уставниот суд. Тој порачал дека во ваков момент мора да биде во Полска.
Повод се полициското присуство околу судот во Варшава и објавата за привремено суспендирање на претседателот Богдан Швјенчковски и неговиот заменик Бартломјеј Сохањски. Според известувањето на судската веб-страница, административното раководење го презела судијката Ана Корвин-Пјотровска.
Но, официјалниот профил на судот на „Икс“ обвинил дека веб-страницата е незаконски преземена, тврдејќи дека Швјенчковски останува легитимен претседател и нарекувајќи ги потезите обид за пуч.
Полицијата ги демантирала наводите за упад во зградата. Соопштила дека дејствува само надвор, по предупредувања за безбедноста на судиите и вработените. Навела фрлање опасни предмети кон полицајци и апсење тројца кои ја прескокнале оградата.
Премиерот Доналд Туск ги бранел постапките како дел од обновувањето на владеењето на правото по владеењето на партијата Право и правда.
Во основата на кризата е спорот за шестмина судии избрани од парламентот. Навроцки одбива да прими заклетва од тројца, додека Швјенчковски не им дозволувал преземање на должноста на судии избрани од актуелното мнозинство. Судот е практично парализиран.
ОВА Е ДРЖАВЕН УДАР!
Уставниот суд ги опиша потезите што доведоа до објавување на одлуката како обид за државен удар, пишува Polskieradio.pl.
– Имаше нелегално преземање на веб-страницата на Уставниот суд. Богдан Швјечковски е сè уште претседател, а Бартломеј Сохањски потпретседател на Уставниот суд. Ана Корвин-Пиотровска не е судија на Уставниот суд. Сите лица кои учествуваат во овие активности го вршат кривичното дело државен удар, се вели во соопштението на Уставниот суд на X.
Дополнителна димензија на конфликтот даде главниот обвинител и министер за правда Валдемар Журек, кој објави дека поднел пет барања до судот за одземање на имунитетот на судиите. Четири барања се однесуваат на Швјечковски, а едно на Сохањски. Според него, документацијата вклучува 224 страници и 50 тома документи.






