Паднаа пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово: Врховен утврди пропусти во судењето

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица, и предметот го врати на повторно судење. Судот утврдил сериозни недостатоци во образложенијата на пониските судови, особено во делот на причинско-последичната врска меѓу постапувањето на обвинетите и трагедијата, како и во оценувањето на доказите за причините и ширењето на пожарот.

pozar tetovo (labinot idrizi)

Одлуката е донесена на 22 октомври, а денеска е објавена од Врховниот суд. Со неа се уважени барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесени од двајцата осудени, поранешниот директор на Клиничката болница Тетово, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор Артан Етеми.

 

Укинати се пресудата на Основниот суд Тетово од 16 мај 2025 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар од 26 ноември 2025 година. Со второстепената пресуда на двајцата им беа изречени затворски казни од по три години за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“.

 

Во образложението, Врховниот суд наведува дека пониските судови не објасниле доволно од кои докази произлегува заклучокот дека двајцата обвинети постапувале како соизвршители. Не било јасно ниту врз основа на кои докази е утврдено дека заеднички не ги обезбедиле потребните противпожарни апарати и хидрантската мрежа.

 

Посебно внимание е посветено на прашањето дали необезбедувањето противпожарна опрема било причина за избувнувањето на пожарот или имало влијание врз неговото ширење и последиците.

Врховниот суд оценил дека пониските судови недоволно ја утврдиле причинско-последичната врска меѓу конкретните пропусти што им се ставаат на товар на обвинетите и смртта на 14 лица.

Во одлуката се разгледуваат и различните вештачења за причините за пожарот. Според едното вештачење, пожарот настанал поради електрична куса врска поврзана со кабелот на дефибрилатор што бил користен при реанимација на пациент.

Од друга страна, во германското вештачење се наведува дека пожарот најверојатно избувнал во близина на еден од креветите во болничката соба, но дека поради големиот степен на уништување не можеле да се утврдат јасни докази за точната причина. Во него се посочува и дека брзото ширење на огнот било потпомогнато од високата концентрација на кислород и запаливите материјали употребени во објектот.

Врховниот суд го поставува и прашањето зошто не било прифатено барањето на одбраната на главната расправа да биде сослушан германскиот вештак, иако неговиот наод бил изведен како доказ.

Во образложението се споменуваат и други вештачења што укажувале на можни проблеми со електричната инсталација, недостиг од противпожарни бариери меѓу просториите и употреба на градежни материјали што овозможувале брзо ширење на огнот. Пониските судови не дале доволно образложение зошто овие докази не биле соодветно оценети.

Врховниот суд заклучил дека Основниот суд Тетово и Апелациониот суд Гостивар не дале доволно аргументирани одговори на прашањата што биле од суштинско значење за утврдување на кривичната одговорност.

Со новата одлука предметот се враќа пред Основниот суд Тетово, кој ќе мора повторно да постапува, да ги разгледа спорните прашања и да донесе нова одлука во согласност со насоките на Врховниот суд.

Истовремено, барањето за вонредно преиспитување поднесено од ЈЗУ Клиничка болница Тетово е отфрлено како недозволено. За разлика од барањата на двајцата осудени, барањето на правното лице не било дозволено според законските услови за користење на овој вонреден правен лек.

Одлуката на Врховниот суд не претставува ослободителна пресуда за двајцата обвинети, туку укинување на претходните судски одлуки и враќање на предметот на повторно постапување.Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица, и предметот го врати на повторно судење. Судот утврдил сериозни недостатоци во образложенијата на пониските судови, особено во делот на причинско-последичната врска меѓу постапувањето на обвинетите и трагедијата, како и во оценувањето на доказите за причините и ширењето на пожарот.

Одлуката е донесена на 22 октомври, а денеска е објавена од Врховниот суд. Со неа се уважени барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесени од двајцата осудени, поранешниот директор на Клиничката болница Тетово, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор Артан Етеми.

Укинати се пресудата на Основниот суд Тетово од 16 мај 2025 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар од 26 ноември 2025 година. Со второстепената пресуда на двајцата им беа изречени затворски казни од по три години за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“.

Во образложението, Врховниот суд наведува дека пониските судови не објасниле доволно од кои докази произлегува заклучокот дека двајцата обвинети постапувале како соизвршители. Не било јасно ниту врз основа на кои докази е утврдено дека заеднички не ги обезбедиле потребните противпожарни апарати и хидрантската мрежа.

Посебно внимание е посветено на прашањето дали необезбедувањето противпожарна опрема било причина за избувнувањето на пожарот или имало влијание врз неговото ширење и последиците.

Врховниот суд оценил дека пониските судови недоволно ја утврдиле причинско-последичната врска меѓу конкретните пропусти што им се ставаат на товар на обвинетите и смртта на 14 лица.

Во одлуката се разгледуваат и различните вештачења за причините за пожарот. Според едното вештачење, пожарот настанал поради електрична куса врска поврзана со кабелот на дефибрилатор што бил користен при реанимација на пациент.

Од друга страна, во германското вештачење се наведува дека пожарот најверојатно избувнал во близина на еден од креветите во болничката соба, но дека поради големиот степен на уништување не можеле да се утврдат јасни докази за точната причина. Во него се посочува и дека брзото ширење на огнот било потпомогнато од високата концентрација на кислород и запаливите материјали употребени во објектот.

Врховниот суд го поставува и прашањето зошто не било прифатено барањето на одбраната на главната расправа да биде сослушан германскиот вештак, иако неговиот наод бил изведен како доказ.

Во образложението се споменуваат и други вештачења што укажувале на можни проблеми со електричната инсталација, недостиг од противпожарни бариери меѓу просториите и употреба на градежни материјали што овозможувале брзо ширење на огнот. Пониските судови не дале доволно образложение зошто овие докази не биле соодветно оценети.

Врховниот суд заклучил дека Основниот суд Тетово и Апелациониот суд Гостивар не дале доволно аргументирани одговори на прашањата што биле од суштинско значење за утврдување на кривичната одговорност.

Со новата одлука предметот се враќа пред Основниот суд Тетово, кој ќе мора повторно да постапува, да ги разгледа спорните прашања и да донесе нова одлука во согласност со насоките на Врховниот суд.

Истовремено, барањето за вонредно преиспитување поднесено од ЈЗУ Клиничка болница Тетово е отфрлено како недозволено. За разлика од барањата на двајцата осудени, барањето на правното лице не било дозволено според законските услови за користење на овој вонреден правен лек.

Одлуката на Врховниот суд не претставува ослободителна пресуда за двајцата обвинети, туку укинување на претходните судски одлуки и враќање на предметот на повторно постапување.

Back to top button
Close