Кривични за двајца полицајци од Радовиш – измислиле контроли на седум возила

ОВР Радовиш поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против Б.Ч. (31) од селото Конче и Б.Б. (38) од Радовиш.

Според информациите од МВР, на 13 октомври 2026 година, по завршување на службената задача, двајцата полициски службеници изготвиле извештај со невистинити податоци.

Во документот навеле дека извршиле контрола на седум возила, иако дел од контролните активности биле евидентирани во период во кој, според истиот извештај, воопшто не постапувале по добиената наредба.

Како прилог доставиле и табеларен преглед со марките на возилата, регистарските ознаки и имињата на лицата што наводно ги управувале. Извештајот бил потпишан од првопријавениот Б.Ч., во својство на одговорен полициски службеник.

Дополнителните проверки и разговорите со лицата наведени како возачи покажале дека тие воопшто не биле запрени и контролирани од полицијата на наведениот датум.

Против Б.Ч. е поднесена пријава за фалсификување службена исправа, додека Б.Б. се сомничи за соизвршителство во истото кривично дело

Back to top button
Close