Читач на усни открива како Меланија го спаси Доналд Трамп од гаф на погребот на папата
Првата дама Меланија Трамп го спаси својот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп од уште еден гаф за кој ќе се зборуваше.
Имено, откако верниците беа поканети од олтарот за време на погребната миса за папата Франциск да си дадат знак на мир и да се ракуваат, Доналд Трамп остана да стои мирно, иако сите пред него и околу него почнаа да се ракуваат и да велат „мир со вас“, пишува Дејли меил.
Потоа неговата сопруга Меланија Трамп му се приближи и, според тврдењата на форензички читач на усни, двапати му шепна: „Треба да го направиш тоа“, на што тој наводно рекол: „О, во ред“ и почнал да се ракува со најблиските.
Тој се ракувал со естонскиот претседател Алар Карис, шпанскиот крал Фелипе VI и неговата сопруга Летиција, а потоа се свртел кон францускиот претседател Емануел Макрон и му ја подал раката.
Како и секогаш кога Макрон и Трамп се ракуваат, овој пат траеше малку предолго и беше чудно (4news)