Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Турција

Нов силен земјотрес е регистриран во Турција по серијата земјотреси кои следеа по земјотресот со јачина од 6,2 степени во средата во Истанбул, два посилни земјотреси во Кутахја, а потоа и во Коња.

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 21 часот и 9 минути по локално време во Елазиг, Анадолија, во источниот дел на Турција, објави Хаберлер.

Тресењето на земјата се почувствувало и во околните провинции како Малатија, Санлиурфа и Адијаман

Back to top button
Close