Талат Џафери останува претседател на Собранието

Претседател на Собранието во новиот парламентарен состав ќе биде Талат Џафери од ДУИ, кој и досега ја беше на оваа функција.

Информацијата ја потврди мандатарот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Зоран Заев на прес-конференцијата по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Ние договоривме претседател на Собранието да остане Талат Џафери, рече Заев.

Заев и Ахмети објавија дека ја прецизирале и потврдиле рамката за идната соработка меѓу владината коалиција.

-Меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ постигнат е коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, состав и принципите на новата влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и на државата, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.

Засега официјално се уште не се објавени имиња на следните министри во новата влада.

Back to top button
Close