Шефовите на ЕУ му честитаат на победникот на изборите во Канада, Карни
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, му честитаа на премиерот Марк Карни за победата на парламентарните избори во Канада.
-Врската меѓу Европа и Канада е силна – и станува сè посилна, напиша фон дер Лајен денеска на „X“.
„Ќе ги браниме нашите заеднички демократски вредности, ќе го промовираме мултилатерализмот и ќе се залагаме за слободна и фер трговија“, додаде таа.
Кошта на „Х“ напиша дека „ЕУ и Канада имаат долго и блиско партнерство“.
-Ние сме сојузници и силни трговски партнери, рече Кошта, додавајќи дека ЕУ и Канада делат исти вредности