Градските власти на Сеул бараат отштета од црква-жариште на Ковид-19
– Властите во јужнокорејската престолнина Сеул бараат компензација од тамошната црква што неодамна стана епицентар на коронавирусот.
Според Си-Ен-Ен, стотици луѓе поврзани со црквата досега се позитивни на Ковид-19, а в.д. градоначалникот Сео Џеjонг-Хјуп изјави дека се разгледува правната основа за покренување граѓанска тужба против црквата и нејзиниот старешина Џан Кванг-Хун
Заменик градоначалникот додаде дека Џан и неговата црква ги трошеле буџетските средства и административните ресурси на градот и ги отежнувале напорите да се најдат контакти за лицата заразени со коронавирусот со „избегнување, невистини и одбивање да се придржуваат кон прописите за време на тестирањето и епидемиолошките истраги“.
Адвокатите на црквата ги негираа обвинувањата, најавувајќи тужба за клевета. сд/