Интер Мајами се откажа од преговори со Де Брујне


Американскиот фудбалски клуб Интер Мајами се откажа од правото да почне преговори со играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, оставајќи го Чикаго како главен фаворит за доведување на белгискиот интернационалец во американската МЛС лига, објави денеска Би-Би-Си.
Интер имаше ексклузивно право да преговара со Де Брујне, доколку Белгиецот одлучи да ја продолжи кариерата во Америка, но клубот од Мајами нема да го искористи тоа право.
Првиот следен клуб кој сега има право да почне преговори со белгискиот репрезентативец е Чикаго, кој во моментов е на 11 место на табелата во Источната конференција на МЛС лигата.
Во април, Де Брујне објави дека го напушта Манчестер Сити на крајот од сезоната, откако освои 16 трофеи за десет години во Сити, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и трофејот од Лигата на шампиони во 2023 година.

Back to top button
Close