Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Постои појава по којашто луѓето ширум светот ги препознаваат Американците. Тоа е „американското навалување“ – положба кога личноста се потпира на ѕид, ограда и слично, и ја префрла својата телесна тежина на една нога, додека чека или разговара со некого. Можеби изгледа смешно, секојдневно и безопасно, но оваа вообичаена навика го привлекла и вниманието на државната Централната разузнавачка агенција – ЦИА.

Поранешниот шеф на Одделот за маска на ЦИА, Џона Мендез открива дека Американците често се и подгрбавени, па американските разузнавачи морале да учат како да стојат поправилно за подобро да се вклопат, на пример во европската средина.

Зошто Американците го прават тоа навалување?

На дискусија на „Редит“, како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот. Некои пак, велат оти, просто, се чувствуваат непријатно додека стојат. Навалувањето наназад, велат, го намалува чувството на вкочанетост и им дава чувство на пристапност и опуштеност.

„Не знаев дека тоа е американска работа, но често се чувствувам чудно кога само стојам во место. Полесно е кога ќе се навалам наназад”; „Кој, по ѓав**ите, стои со двете нозе исправени? Така изгледаш како да си подготвен да се соочиш со бруталната вистина дека си здодевен”; „Ние само сме ‘чил’ (опуштени)“; „Американците се помалку формални, а доброто држење не е нешто што е особено на цена. Само погледнете го Џејмс Дин“ – гласат дел од коментарите.

„Луѓето ги забележуваат Американците поради нивниот нагласок, облеката и манирите, па сè друго – вклучително и навалувањето наназад, им станува уште позабележливо“, ќе рече друг корисник.

Се начна и еден посериозен проблем – работната култура во САД. На многу работни места, особено во малопродажбата, на вработените не им е дозволено да седат.

„Фразата ‘Ако имаш време да се потпреш наназад, имаш време да зачистиш’ – е ноќна мора на секој работник“, вели следниот корисник.

Натаму, корисниците се жалат и на здравствени проблеми – болки во грбот, повреди (коишто не се лекуваат поради скапото здравствено осигурување), недостатокот на паркови и клупи итн.

Дали само Американците се потпираат така?

Вмешувајќи се во разговорот, еден Англичанец пишува: „Стоиме и чекаме во редот – во тишина и страдање. Тоа е она во што ние сме најдобри“.

Имено, некои корисници со право забележуваат дека таквото потпирање не е строго американска навика. А, има и слични други навики… Во Јужна Кореја и други држави, на пр., додека чекаат, луѓето почесто би клекнале отколку да се потпрат.

Back to top button
Close