“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот на настапот Самит Македонија 2025
ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици втемелени на постигнувања или друг тип критериуми што важат за другите земји кои станале или се во процес да станат земји членки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто кое му го правеше Никица Мојсовска – Блажевски, извршна директорка на денешниот самит Македонија 2025
За нас, напомена, тие критериуми се од сосема поинаква природа.
-Дел од тие отстапки правени во минатото од голем дел од политичарите, се резултат на некои процеси во кои самите тие биле вовлечени па биле притиснати до ѕид и немале каде, дел од лекомисленост и чековерност, а дел од национална исплакнатост и неводење грижа ниту за жртвата дадена во минатото, ниту имале можност да имаат визија за иднината и сега, оваа Влада треба да живее со сето тоа и да се бори, дел од тој простор што некој претходно го зафатил, да го освои повторно. Тоа е тешко, не е лесно, но ќе се бориме, подвлече Мицкоски.
Во таа борба, дополни, посветеноста е апсолутна.
-Наша стратегија беше да го зафатиме теренот и да ги претставиме нашите аргументи. Тоа е демократската алатка што ја имаме на располагање, немаме друга. Ние сме еден од најмалубројните народи и држави во Европа и тоа е единствениот начин. Тоа значи дека треба да бидеме два, три пати подобри од сите други ако сакате да звучите логично и другите да ве разберат и треба да научите да победувате и во Вашингтон и во Брисел и во Берлин и во Париз и во Рим,… ако сакате да испратите поинаква порака од онаа што била слушана години наназад, нагласи премиерот пред учесниците на Самитот Македонија 2025