ОН: Обновените достави на помош за Газа се капка во морето

Шефот на службата на ОН за хуманитарна помош, Том Флечер, синоќа предупреди дека ограничените испораки на помош, што неодамна беа дозволени да влезат во Појасот Газа, не се доволни.

 EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Флечер потврди дека Израел вчера им дозволил на неколку камиони да влезат во палестинската енклава.

– Но, тоа е капка во морето од она што е итно потребно, изјави тој, нагласувајќи ја потребата од значително повеќе помош во Газа во следните денови.

– Нè уверија дека ќе помогнат во нашата работа преку постоечките и докажани механизми, изјави Флечер.

Според него, во моментов приоритетна задача е помошта да се достави до најпотребните. Тој предупреди дека пролонгираната блокада довела до голем недостиг и оти останува висок ризикот помошта да биде ограбена.

Според ОН, израелските власти дозволиле девет камиони да влезат во Газа, додека израелската агенција, одговорна за палестинските прашања, соопшти дека само пет камиони стигнале до целта.

 

Back to top button
Close