Уапсен е осомничен за двете убиства во Ѓорче Петров
Уапсен е осомничен за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров. Засега неофицијалните информации се дека тој е приведен и се наоѓа во Полициската станица – Карпош.

Нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за приведувањето, ниту, пак, информации за околностите под кои тој е уапсен.
Приведено е лице во врска со смртта на две лица на 62- и 76-годишна возраст, чии тела со траги на насилство беа пронајдени на 22 и 27 октомври во скопската населба Ѓорче Петров. Неофицијално, лицето било приведено во околината на населбата и во моментов се наоѓа во полициската станица Карпош
Се очекуваат повеќе детали за текот на истрагата.
Полицијата треба да појасни каква е поврзаноста на уапсениот со двата случаи.(fokus.mk)






