Возел во спротивна насока на патот Гостивар–Тетово со 2,06 промили алкохол, приведени и двајца сопатници
Триесет и тригодишник од тетовското село Доброште е лишен од слобода откако бил затекнат како управува патничко возило „шкода“ во спротивна насока на патот Гостивар–Тетово, под дејство на алкохол.

– По претходна пријава денеска на патот Гостивар – Тетово патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки се движило во спротивен правец, преземени се мерки и на наплатна станица Тетово полициските службеници го сопреле возилото и по извршени проверки било констатирано дека возачот Б.О.(33) од с.Доброште е под дејство на алкохол, односно му буле измерени 2,06 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода – информираат од МВР.
Од слобода биле лишени и неговите сопатници А.Ј. (27) од село Нераште и Н.А. (38) од село Доброште, поради агресивно и дрско однесување кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
Тројцата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.






