Италија: Уапсени 41 лице во голема операција против мафијата Ндрангета

Вкупно 41 лице денеска беа уапсени во голема операција на специјализираната единица на италијанските карабинери против калабриската мафија Ндрангета, во областа Козенца, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Осомничените се товарат за повеќе кривични дела, меѓу кои учество во мафијашка организација, убиство, нелегално поседување оружје, изнуда, разбојништво, кражба и помагање во нелегална имиграција.

Дваесет и четири од осомничените се испратени во притвор, додека на 17 им е одреден домашен притвор. Меѓу нив е и градоначалникот на Корилјано-Росано, Флавио Стази, претставник на левицата и левоцентристичките политички сили.

Меѓу приведените е и Дамијано Пепе, за кого постои сомневање дека е мафијашки бос. Тој беше ранет во обид за атентат минатата недела.

Back to top button
Close