Матурант од Струмица најден мртов, зад склад за дрва на влез од градот

19-годишно момче, матуранат во струмичко училиште, вчера бил најден починат позади склад за дрва, на влезот од Струмица.

Кај момчето нема знаци на насилство, а телото е дадено на обдукција. Од анализите ќе се знаат причините за смртта.

Од МВР посочуваат дека добиле пријава вчера околу 12 часот, дека на необработена нива било пронајдено безживотно тело.

„Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција“, велат од СВР Струмица

Back to top button
Close