Обид за поткуп на судија во Врховниот суд на Грција
20.05.2025 15:37
668 Читање помалку од 1м
Писмо со парична понуда доколку интервенира во тековен Писмо со парична понуда доколку интервенира во тековен судски случај, доставило лице познато на властите до судија од Врховниот суд на Грција, кој за обидот за поткуп веднаш ја известил полицијата, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, судијата им кажал на полицајците дека му биле понудени пари ако позитивно интервенира во случајот, а сè уште е нејасно дали човекот кој го предал писмото стои зад случајот или „барањето“ го доставил во име на друго лице.
За случајот е наредена итна прелиминарна истрага за кривично дело поткуп на судија, а полицијата трага по лицето кое се обидело да го поткупи судијата од Врховниот суд.