(Видео) Трамп навреди новинар: Ти си гад и срамота
Американскиот претседател Доналд Трамп недозволиво и навредливо реагираше на прашањата од новинарот на „Ен-би-си Њуз“, Питер Александар. Не му се допадна прашањето за луксузниот авион што катарската влада планира да го донира на Трамп.
Во бес го нарече новинарот „ужасен новинар“ и „срамота и гад“ затоа што не прашал за она што тој го нарече геноцид врз белите јужноафрикански земјоделци, на кои Трамп им додели статус на бегалец.
Трамп му приреди непријатно изненадување на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза за време на нивната билатерална средба, кога ги затемни светлата и пушти видео за кое тврди дека докажува „геноцид врз белците“ во Јужна Африка.
„Имаме илјадници приказни кои зборуваат за тоа. Имаме документарни филмови, написи во весници. Исклучете ги светлата и пуштете го ова”, рече Трамп.
Видеото трае речиси пет минути, а подоцна беше објавено на официјалниот профил на Белата куќа на социјалната мрежа Х, со опис: „Доказ за прогон во Јужна Африка“.
Рамафоса на почетокот се насмеа, но набрзо изгледаше видно непријатно додека ја гледаше снимката.
Во еден момент тој праша: „Дали ви кажаа каде е снимено?”
„Тоа е во Јужна Африка“, рече Трамп.
За време на состанокот, Рамафоса го оспори тврдењето на Трамп дека белците во Јужна Африка трпат „геноцид“.
BREAKING 🚨 President Trump stuns the world by FORCING South Africas President to watch a video of South Africans chanting to k*ll White people
HOLY SH*T he did that in front of the Press for million of people around the world to see
TRUMP IS A BOSS pic.twitter.com/mn4Fep5aJL
— MAGA Voice (@MAGAVoice) May 21, 2025