„Данас“: Шефот на Полициската управа во Нови Сад е разрешен

  Началникот на Полициската управа во Нови Сад, Горан Радоњиќ, е разрешен од таа позиција, објави „Данас“ повикувајќи се на извор од Министерството за внатрешни работи на Србија.
Според информациите на „Данас“, Радоњиќ бил разрешен поради полициската интервенција против поддржувачи на Српската напредна странка (СНС) пред просториите на партијата во неделата, 18 мај.

Полицијата интервенираше со палки против активисти на СНС, откако тие постојано фрлаа јајца и пластични шишиња врз граѓаните што демонстрираа пред просториите на таа партија.

Back to top button
Close