Пукање пред седиштето на ЦИА, едно лице уапсено
Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави дека нејзините безбедносни лица уапсиле едно лице утрово по пукање пред седиштето на агенцијата. Портпаролот на ЦИА потврди дека безбедносниот персонал „се соочил со едно лице“ пред главната порта, додавајќи дека лицето е во притвор.
Портпаролот одби да каже дали осомничениот бил застрелан или да открие други детали. Засега не е познато зошто е отворен оган и што правел лицето во тој момент.
NBC News претходно објави дека едно лице е застрелано, повикувајќи се на извор запознаен со случајот. Според изворот, станува збор за жена.
Инцидентот се случил околу 4 часот наутро, изјави портпаролот на полицијата во Ферфакс за ABC News. ЦИА ја затвори главната порта на својот комплекс во Ленгли и им наложи на вработените да бараат алтернативни патишта.
Пукањето се случи откако вооружен човек уби двајца вработени во израелската амбасада во центарот на Вашингтон во среда вечерта. Немаше индикации дека инцидентите се поврзани (tv21)