За една недела отстранети 191 непрописно паркирани возила од јавните површини

– Пајак службата во текот на изминатата недела од јавните површини во Скопје подигнала 191 возило.

– Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 20 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 171 возило по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 322 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, информираат од Град Скопје.

Back to top button
Close