Штедачи од пропаднатата Еуростандард банка повикуваат на обединување
Дел од штедачите во пропаднатата Еуростандард банка кои имаат повеќе од 30 илјади евра во депозити преку апел до медиумите повикуваат на обединување.
„За обештетување на своите средства ние ќе мора да се потпреме на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем, функционирањето на истиот тој систем нѐ доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг. Со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка сметаме дека ние 780 штедачи мора да се организираме и да бидеме претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле“, повикаа дел од штедачите. Како адреса за контакт е оставена е-маил адресата [email protected].