Непознато лице упаднало на имотот на Трамп, тајната служба на САД на нозе

Маж од Тексас е уапсен денес поради провала во имотот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во Мар-а-Лаго, Флорида, објави NBC News.

Полицијата во Палм Бич одговорила на повик некаде после полноќ, каде што осомничениот веќе бил приведен од страна на членови на тајната служба.

Уапсениот е 23-годишниот Ентони Рејес, кој рече дека скокнал преку оградата за да „му го проповеда евангелието на Трамп“ и „да се ожени со Каи“.

Каи Трамп е 18-гидшната внука на Доналд Трамп. Според извештајот за апсење, Рејес признал дека влегол нелегално во заштитено подрачје со скокање преку ѕид. Истото лице било уапсено и во декември минатата година за сличен обид за провала во истиот имот. Белата куќа не го коментираше инцидентот

Back to top button
Close