Прво ѝ се заканувала на газдарицата, а потоа дошла во фирмата – интервенираше полицијата


Жена од Скопје, која претходно работела во една фирма, е повикана на разговор во полиција откако, според пријавата, ѝ се заканувала на сопственичката, ја искршила влезната врата и истурила запалива течност во објектот.

Случајот бил пријавен во полицијата, по што на 26 октомври, околу 8 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле службен разговор со жената.

Според информациите од МВР, жената претходно телефонски ѝ се заканувала на сопственичката на фирмата, 36-годишна скопјанка. Потоа, според пријавата, со физичка сила ја оштетила влезната врата и во внатрешноста на објектот истурила запалива течност.

Од полицијата информираат дека случајот се расчистува и документира, по што ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close