Намалени контактите со вработени во Центарот за социјални работи во Делчево по појавата на позитивни на Ковид-19
– По зголемениот број случаи на коронавирус во Делчево граѓаните панично и во страв ја примаат секоја информација поврзана со првите позитивни случаи. Ова како што потврдија вработени најмногу се чувствува меѓу вработените во Центарот за социјални работи каде има двајца позитивни случаи на Ковид-19. Останатите вработени кои немаат симптоми и ги следат насоките на епидемиолозите, како што самите изјавија, имаат впечаток дека луѓето ги одбегнуваат, иако како што додаваат нема причина за тоа. Додаваат дека ги следат препораките на епидемиологот и редовно се придржуваат на сите мерки за заштита од вирусот.
-Иако немаме симптоми како вработени во Центарот за социјални работи соочени сме со мала доза на страв, секако ги почитуваме мерките и она што е препорачано од страна на епидемилогот во делот на наша и заштита на граѓаните. Сакаме да ставиме до знаење дека нема потреба од скепса на граѓаните кон нас, не сме заразни и нема потреба да не одбегнуваат на улица или било каде. Во мала средина тоа особено се чувствува но нема зошто, ќе повторам не сме заразни, носиме маски, редовно се дезинфецираме, така што апелираме малку поослободени да бидат луѓето. Ќе продолжиме да се придржуваме до она што ни е препорачано од страна на епидемилогот, сакаме да ставиме до знаење дека немаме симптоми и дека вирусот е вирус кој може да се јави кај секого.Она што треба да го направиме сите е да не осудуваме, туку да се заштитиме, оти никој не знае што носи во самиот себе, истакнаа дел од вработените на оваа тема.
Директорот на установата Благојче Стоименовски истакна дека редовно се следат препораките на епидемиологот со кој имаат секојденевен контакт и дека установата во моментот работи со двајца вработени.
-Согласно препораките на епидемиологот од Центар за јавно здравје оваа недела Центар за социјални работи – Делчево работи со двајца вработени кои се во различни канцеларии за да се одржува растојание од 2 метри. Во моментот во нашата установа имаме вработени активни на коронавирус од кои е едниот е на болничко лекување, додека вториот вработен се наоѓа во донашна изолација и нема никакви симптоми. Бидејки последните контакти на вработени со лицата кои биле позитивни биле пред 10 дена и немаат симптоми за нив важат истите препораки како и за сите граѓани на РСМ, односно одржување на растојание од 2 метри, редовно миење на раце, почесто проветрување на прозорите, користење на средства за дезинфекција и слично, истакна Стоименовски.
Тој додаде и дека контактите на вработените не биле со интезивен карактер, поради што епидемиологот упатил препорака Центарот за социјални работи да продолжи со работа, но со намален капацитет.
-Доколку има потреба од некакви мерки за самоизолација или од привремено запирање со работа на Центарот граѓаните дополнително ќе бидат известени граѓаните. Значи во моментот работиме како што ние препорачано од епидемиологот. Со него контактираме секојдневно, како и со сите вработени, додаде Стоименовски.
Повеќето од позитивните случаи во Делчево на социјалните мрежи известија за својата состојба, при што апелираа оние кои биле во близок контакт со нив во последните 10 дена да се изолираат. Реакциите за јавната објава дека се позитивни на вирусот наиде на поддршка од граѓаните.
Најновите информации од Здравствен дом Делчево говорат дека од претходно направените тестирања, денес е регистиран еден негативен и двајца позитивни пациенти од кои едниот пациент е жител на Македонска Каменица. Дополнително во текот на денешниот ден се тестирани 16 лица од кои еден од Македонска Каменица за кои резултатите ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.