Идол и е Тоше Проески, со своите 13 години има над 30 музички награди: Нела ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг!

Солистката Нела Манческа, поддржана од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025, кој ќе се одржи на 13-ти декември 2025 година во Тбилиси, Грузија, соопшти јавниот радиодифузен сервис МРТ.

Од таму додаваат дека Манческа избрана по предлог на Комисија, а по претходно одржана аудиција.

Таа има 13 години и е од Скопје. Досега има учествувано на голем број на музички натпревари во земјава и герионот, како во живо, така и онлајн и има освоено околу 30 награди.

Ја има освоено наградата Државен првак на Македонија по вокална интерпретација-Гранд при на Интернационалниот фестивал „Песните од Тоше Проески“, а во постари интервјуа, не крие дека Проески е еден од нејзините музички идоли.

Лани на 22-то издание на Детска Евровизија, кое се одржа во Шпанија, Македонија ја претставија битолчаните Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски. Од вкупно 17 земји учеснички, тие завршија на 16-то место

Back to top button
Close