Загина пешак, бил прегазен од автомобил на патот кон Битола
На 15 јуни 2025 година, околу 21 часот, во Полициската станица Прилеп била пријавена тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп-Битола, во која животот го загубил 49-годишен маж од Прилеп.
Според информациите, патничко возило од марката „Рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д. (51) од селото Галичани, удрило во пешакот М.Б. (49), кој во моментот на несреќата туркал велосипед. Од ударот, М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Прилеп, каде што, за жал, подоцна им подлегнал на повредите. Смртта ја констатирал лекар од болницата.
На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител. По негово наредување, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта