Познатиот музеј Лувр денеска не примаше посетители поради протест на вработените

Музејот Лувр во Париз денес не се отвори на време поради прекин на работата на вработените во службите за прием на посетители, објавија француските медиуми.

Илјадници посетители чекаат во атриумот на музејскиот комплекс од утрово поради прекин на работата на персоналот што работи со посетителите, вклучувајќи ги чуварите на галеријата, рецепционерите и обезбедувачите, кои протестираат против влошувањето на условите за работа, јавува АП.

„Тоа е прекин на работата инициран од рецепционерите незадоволни од условите за работа во Лувр. Тоа е масовен израз на негодување. Персоналот одлучи да остане заедно додека не пристигне менаџментот“, рече претставник на музејот Лувр.

Back to top button
Close