Филипче: ВМРО-ДПМНЕ бележи пад од 100.000 гласови од ланските избори
Огромно е разочарувањето на граѓаните од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Причините сите ги знаеме, неисполнети ветувања, катастрофа во економијата, пад на животниот стандард на граѓаните, секојдневни скандали кои ја тресат власта, блокирана иднина на државата.
Последните две анкети кои што се направени и завршени пред неколку денови покажуваат пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ од 100.000 гласа споредено со ланските избори, истакна претседателот Венко Филипче на работен состанок со општинската организација на #СДСМ, Гевгелија.